Приведен криумчар на мигранти
На 04.02.2023 во 12:00 часот на граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Стар Дојран го лишија од слобода М.К.(47) од Република Србија. Во содејство со царински службеници била извршена контрола во товарното возило „даф” со полуприколка со српски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени 20 лица мигранти од Сирија.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 05.02.2023 / МВР