Приведен криумчар на мигранти во Куманово
На 18.06.2022 во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија. Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.