23/11/2024
Македонија

Приведен маж од Ваксинце, во негов објект пронајдени 81 мигранти

На 26.10.2019 околу 05.15 часот бил приведен Н.А. (50) од с.Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, извршен од полициски службеници на СВР Куманово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигранти (од нив 19 се малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце. По документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.