Приведен охриѓанец кој ја истепал вонбрачната сопруга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Ј. (47) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти ноември и на 12-ти декември минатата година во семејниот дом во охридското село Горно Лакочереј, во вечерните саати.
Поради одредени семејни недоразбирања, пријавениот започнувал жестока вербална расправија со својата вонбрачна сопруга, а потоа и физички ја нападнал. Тој, по главата и по целото тело, ја удирал со раце и нозе нанесувајќи и крвни подливи и други повреди.
Врз оштетената, по основ на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, извршен бил медицински преглед на хируршкото оделение при Општата болница во Охрид, каде биле констатирани повредите и и била пружена неопходна медицинска помош. По консултација и овластување на Јавниот обвинител, сега пријавениот Љ.Ј. бил лишен од слобода.