22/11/2024
Охрид

Приведен охриѓанец поради кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

На 09.11.2024 во 00.25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија З.У.(20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 08.11.2024 година во 23.30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22), двајцата од Охрид.

Во врска со овој настан, на 09.11.2024 во 00.40 часот, во СВР Охрид повикан е Х.С.(20) од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.


WebOhrid / 09.11.2024 / СВР Охрид