Приведен охриѓанец поради насилство во маркет
На деветнаесетти февруари оваа година, во 23 часот, А.Д. (27) од Охрид, пријави насилство, извршено врз него од К.А. (47) од Охрид.
Според пријавеното, настанот се случил во маркет на улицата „15 корпус“ каде настанала меѓусебна вербална расправија, по што, К.А. со метален предмет го нападнал А.Д. Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди. К.А. е приведен и задржан во полициската станица.
Против него, по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.