23/11/2024
Охрид

Приведен охриѓанец поради нудење поткуп

На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Ј.(59) од Охрид. Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.