05/02/2025
Охрид

Приведен охриѓанец за недозволена трговија со дрога

На 23.01.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.С.(25) од Охрид. При претрес, извршен по судска наредба, во куќа во Охрид во којашто М.С. привремено престојувал, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.