Приведен охриѓанец затекнат при кражба во трговски објект
На 17.02.2024 во 20:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Н.Н.(38) од Охрид.
Тој бил затекнат при извршување кражба во трговски објект во Охрид, при што одзел повеќе производи.
Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 19.02.2024 / СВР Охрид