23/11/2024
Македонија

Приведен разбојник од Гевгелија, ограбувал со закана со нож

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Д.П. (41) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 22.03.2018 година околу 23.55 часот, Д.П. со закана со ножизвршил разбојништво во продавница во Гевгелија. Додека вработената била на каса, Д.П. влегол маскиран и со нож и се заканил да ги даде парите. Таа се исплашила, ја отворила касата и му дала 43.745 денариод дневниот пазар, по што Д.П. побегнал. Набргу по пријавување на настанот, од страна полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија Д.П. бил пронајден и лишен од слобода. Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.