Приведен скопјанец на плажа во Охрид, полицајци кај него пронашле марихуана
На 25.07.2020 во 23.20 часот на плажа „Парк-Голден Бич“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Л.(32) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.