Приведен стружанец кој фрлил пластично шише со запалива течност во куќа во Струга
На 07.01.2018 година околу 19:30 часот во куќа на ул. „Муртеза Татар“ во Струга, сопственост на А.Р. (63) од Струга, од страна на М.Ш. (24) од Струга било фрлено пластично шише со непозната запалива течност, при што била оштетена влезната врата.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, по што бил обезбеден и приведен М.Ш. за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.