Приведен жител од Косел кој ги малтретирал членовите на семејството и нападнал полицајци
На 08.12.2019 околу 14:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид во селото Косел, го лишија од слобода И.Ѓ.(57) поради извршен физички напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија во неговиот дом, а по претходна пријава од неговиот син дека, тој ги малтретирал членовите на семејството.
И.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.