Приведен жител од Опеница кој одзел паричник во маркет во Охрид
На 18.07.2022 во 17.15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.С.(25) од охридското село Опеница, кој претходно во маркет во Охрид одзел паричник од едно лице.
При извршен преглед, полициските службеници го пронашле паричникот, кој заедно со купените производи се одземени. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.