Приведена група мигранти од Иран
Поради немање лични документи за идентификација и постоење сомнение за нелегален престој во Република Македонија, утрово во полициската станица во Охрид приведена е група од пет возрасни и едно малолетно лице, сите странски државјани.
Се работи за група од четири машки и едно женско лице на возраст од 26 до 39 годишна возраст како и едно шест годишно дете, кои, според кажување на еден од приведените, доаѓаат од Иран. Странските државјани се забележани на автобуската станица во Охрид утрово во 01 часот. Тие се задржани во полициската станица за понатамошна постапка.