Приведени 25 улични препродавачи на дрога и лица барани за извршени кривични дела
Утрово Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Секторите за внатрешни работи по претходно обезбедени наредби за претрес од Судија на претходна постапка од надлежните судови, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и имотни деликти, изврши претреси кај лица за кои постојат сомненија дека се занимаваат со улична препродажба на дрога. На 25 локации пронајдени се предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела и лишени се од слобода 25 лица. Одземени се 49 паковки хероин, околу 1,8 кг марихуана, таблети екстази,една паковка амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен пиштол и една ловна пушка и 28 куршуми. Одземен е и еден компјутер и 324 бланко (магнетни) картички.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, „недозволено производство, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, како и соодветни кривични пријави од областа на компјутерски криминал, имотни деликти и др.