22/11/2024
Македонија

Приведени 8 лица, расчистени четири кривични дела „насилство“

По преземени мерки и активности Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти четири кривични дела „насилство“ што се случија изминатиот период на подрачјето на град Скопје.

На 24.06.2021 во полициска станица биле повикани А.Т. и О.А., двајцата од Скопје, затоа што на 03.06.2021 во паркот Чаир физички го нападнале С.Х. од Скопје, при што А.Т. употребил и остар предмет.

На 24.06.2021 во полициска станица биле повикани Д.Т. и И.Т., двајцата од Скопје, затоа што на 09.06.2021 во Скопје физички го нападнале Д.И. од Скопје.

На 19.06.2021 во полициска станица бил извршен разговор со Б.А.(24) и И.Т.(20), двајцата од Скопје, затоа што истиот ден во Скопје физички го нападнале Б.Л.(51) од Скопје.

На 23.06.2021 во полициска станица бил извршен разговор со А.А. и Б.И., двајцата од Скопје, затоа што на 20.06.2021 на бул.„Партизански одреди“ во Скопје физички ги нападнале И.Ј.(20) и С.Ј.(27), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случаите против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.