23/11/2024
МакедонијаОхрид

Приведени дилери од Скопје и Охрид, пронајден амфетамин

На 12.06.2021 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со наркотични дроги, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини.

За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.