22/11/2024
Македонија

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес – Одделение за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од с.Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На 20.02.2020 во периодот од 11.30 до 13.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14.15 и 15.30 часот бил извршен претрес во домот М.А.во сКорешница, при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба..

Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.

Инаку, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата последен излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога.