Приведени двајца охриѓани кај кои била најдена дрога
На 05.03.2020 во 01.15 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници запреле патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(22) од Охрид. Притоа, сопатникот Д.А.(31) од Охрид, излегол од возилото, почнал да бега и исфрлил две пакувања со прашкаста материја. Набргу потоа, тој бил фатен, а по извршениот преглед во возилото биле пронајдени уште две пакувања со прашкаста материја. Возачот и сопатникот биле лишени од слобода и приведени во СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.