Приведени двајца охриѓани, при претрес пронајдени дрога, пиштол и муниција
На 18.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи, Сектор за недозволена трговија на дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид беа лишени од слобода А.А.(47) и Т.А.(51), двајцата од Охрид.
При претрес извршен по судска наредба, во домот на А.А. биле пронајдeни и одземени една ќеса со семки од растението канабис сатива и две ќеси со кафеава прашкаста материја. Дополнително, во домот на Т.А. биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол марка „екол“ и пет гасни куршуми. Предметите се предадени на вештачење, а по документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.