Приведени двајца разбојници
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба по целосно документирање ќе поднесе кривична пријава против лицата Д.Р.(18) и А.М.(18) двајцатаод Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела „разбојништво“ предвидено и казниво по член 237 од КЗ на РМ.
Пријавените, кривичните дела ги извршиле во месец декември годинава, врз такси возачи од различни такси компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси возила барале да се превезат до село Брњарци,скопско и во сите случаи со закана со нож од такси возачите барале пари.
По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица. По преземени мерки двете лица се лишени од слобода. Со наредба од Основен суд Скопје I Скопје извршени се два претреси во Скопје. На 19.12.2018 година во Полициска станица Гази Баба во присуство на Јавен Обвинител од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените.