23/11/2024
Македонија

Приведени двајца скопјани за фалсификување пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера ( 07.03.) ги лиши од слобода лицата А.Л. (43) и Х.Б. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ на РМ.

Имено, по преземени оперативни мерки и активности констатирано е дека приведените на крајот од минатата година, односно на 30.12. 2017, во супер маркет “Тинекс“ во промет пуштиле 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.

При лишувањето од слобода и извршениот претрес, кај А.Л. се пронајдени шест банкноти во апоени од по 100 евра, шест банкноти во апоени од по 50 евра, три банкноти во апоени од по 500 денари, една банкнота од 1000 денари, две банкноти во апоени од по 100 денари и една банкнота од 200 денари, и притоа е утврдено дека две банкноти од по 100 евра и две банкноти во апоени од по 500 денари се фалсификувани и подготвени за пуштање во промет од страна на А.Л. Исто така, при претресот кај А.Л. пронајдена е фалсификувана лична карта.