Приведени двајца стружани, кај нив полицијата пронашла дрога
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.В.(22) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против З.А.(22) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „oвозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 02.04.2020 на ул.„ЈНА“ во Струга, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, во кое биле двајцата пријавени, при што пронашле и одзеле марихуана.