Приведени две лица кај кои била пронајдена дрога
На 07.01.2020 во 02.10 кај депонија „Буково“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода ги лишиле Т.Ј.(43) од Велес и О.М.(22) од Битола поради тоа што во возилото во кое се превезувале и кај нив била пронајдена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.