Приведени две лица кои биле затекнати при нелегален транспорт на огревно дрво
На 19.11.2021 полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј. Двајцата, околу 21:00 часот во атарот на селото Лескоец, се затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј“, со бугарски национални ознаки.
Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.