Приведени две лица од Лешани кои „дивееле“во угостителски објект во Охрид
На 28.08.2020 во 04:15 часот, во угостителски објект лоциран на булевар „Железничка“ во Охрид, В.М.(38) и Д.Ј.(32), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца, го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија со персоналот, а потоа и со оштетување на инвентарот од објектот.
Двајцата се приведени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.