Приведени две лица од Велгошти со непозната прашкаста материја
На 17.01.2025 година во 14.50 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода С.Г.(35) и и Ј.Т.(36), двајцата од охридското село Велгошти. При преглед во патничко моторно возило „Ауди“ со кое се превезувале лицата, полициските службеници кај С.Г. пронашле и одзеле четири најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.