25/11/2024
Македонија

Приведени две лица за издржување затворска казна

На 05.10.2020 во 12.55 часот, полициски службеници од Полициско одделение Галате, СВР Тетово, го привеле Н.Д.(32) од с.Горјане за издржување на казна затвор од две години и шест месеци во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово во врска со член 131 став3 од Кривичниот законик.

На 05.10.2020 во 11.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.К. кој се барал по потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци во врска со член .247 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Затвор Прилеп.