Приведени две лица за нелегален транспорт на дрва
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Г.Н.(35) од Охрид и В.М.(36) од село Лешани, за сторено кривично дело ,,кражба”.
На 14.11.2018 година околу 22,00 часот во атар на село Ботун, од страна на вработени во ЈП “Македонски шуми”, при преглед на товарно моторно возило, управувано од првопријавениот, и второпријавениот како совозач, биле пронајдени и одземени огревни дрва – даб, без соодветна документација.