Приведени две лица од Коњско кои нападнале полицаец
На 30 декември оваа година, во 03:50 часот, пред кабаре во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, во кој П.С.(27) и Ѓ.В.(34), двајцата од охридското село Долно Коњско, физички нападнале полициски службеник.
Напаѓачите биле совладани, а потоа приведени во полициската станица. СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.