26/11/2024
Македонија

Приведени крадци од Скопје

На 07.06.2021 во 10.45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Скопје за кого бил распишан централен распис поради сомнение дека извршил тешка кражба во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ на 27.12.2020.

Во разговор со полициски службеници, со присуство на негов родител и адвокат, тој го признал делото и потврдил дека го извршил заедно со А.Х.. Извршен е разговор и со А.Х. , кој исто така го признал делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.