22/11/2024
Македонија

Приведени крадци што краделе во цркви и викендици

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.У.(36), С.Ш.(18) и С.Љ.(19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешки кражби“ и против Б.Е.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „прикривање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 254.500 денари.

Тројцата пријавени делата ги извршиле во периодот од 18.07.2018 до 27.08.2018 година. Првото дело го извршиле во викенд куќа во с.Горњани каде со употреба на сила влегле и одзеле разни предмети за домаќинство, додека останатите пет кражби ги извршиле во црквите Св.Јован во с.Булачани, Св.Троица во с.Чучер, Св.Петка во с.Кучевиште, Св.Недела во с.Кучевишка Бара и во црквата Св.Богородица во с.Бразда.

По извршување на кривичните дела, пријавените дел од украдените предмети му ги продавале на четвртопријавениот Б.Е. – сопственик на див отпад, а дел задржувале за себе или ги продавале на непознати лица. По преземени мерки пријавените биле пронајдени и лишени од слобода. Во разговор во полициска станица ги признале делата.