23/11/2024
Македонија

Приведени криминалци од тетовско барани со потерница

На 04.12.2020 во 10.40 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници со судска наредба го привеле Д.И.(31) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“. Денеска, пак, во 10.20 часот во с.Голема Речица, тетовско, од полициски службеници со судска наредба бил приведен И.Ш.(51) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „кражба“. Д.И. и И.Ш. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово во Тетово, за издржување на казните.