Приведени криумчари на мигранти
На 10.11.2019 околу 09.00 часот во близина на угостителски објект на регионалниот пат Валандово – Струмица, полициски службеници од СВР Струмица пронашле седум лица – мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак. По преземени мерки, полициските службеници, во близина на вештачко езеро во атар на с.Белотино, пронашле две патнички возила„ауди А8“, со скопски регистарски ознаки и од слобода ги лишиле Н.Б.(31) и Б.И.(37), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите и Н.Б. и Б.И. биле предадени на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, во 17.30 часот кај манастирот „Свети Илија“, во близина на Граничниот премин „Меџитлија“, полициски службеници спречиле шест лица од Куба кои се обиделе илегално да ја преминат државната граница од Р.С. Македонија во Р.Грција. Истовремено биле приведени и Р.Ќ.(37), возач на возилото „фолксваген транспортер“, со кое се превезувале и сопатникот Џ.С.(51), двајцата од Скопје. Кубанските државјани, заедно со Р.Ќ. и Џ.С. биле предадени во СВР Битола за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.