22/11/2024
Македонија

Приведени лица барани со потерница

На 07.03.2022 во 12.30 часот на бул. Киро Глигоров во Скопје од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба е лишен од слобода Т.К.(21) од Куманово по претходно издадена судска наредба од Основен суд Куманово, а бил баран за издржување казна затвор во затвор Куманово. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. На 07.03.2022 во 14.00 часот на бул. Србија во Скопје од полициски службеници од Одделение за криминалистички работи – Гази Баба при СВР Скопје е лишен од слобода М.М.(24) од Скопје, кој бил баран по централна потерница издадена од Основен суд Скопје за издржување на затворска казна.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.