Приведени двајца дилери на патот Охрид-Струга
На 05.02.2022 во 21 часот во ОВР Струга приведени се Г.Н.(39) од Охрид и Е.А (38) од Струга. При контрола на такси возило „мерцедес“, со кое се превезувале, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на наеелбата „Езерски лозја“, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.