Приведени скопјанец и охриѓанец, полицијата им пронашла дрога
На 17.08.2020 година во 17.20 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П. (22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана.
Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.