Приведени три лица кај кои била пронајдена кеса со марихуана
На 17.01.2020 во 21:10 часот при преглед извршен на улицата „Партизанска“ во Охрид, врз К.Р.(21) од Охрид, пронајдена е и одземена кеса со опојна дрога марихуана. Тој, заедно со К.М.(21) и В.Т.(20), двајцата од Охрид, кои биле со него, се приведени во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.