Приведени три лица кои нападнале охриѓанец
На 19.01.2023 година околу 22:30 часот, во Охрид пријавен е физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.
Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.
По преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид, полициските службеници од СВР Охрид денеска (20.01.2023) ги приведоа С.К., С.К. и И.С.
По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава.
WebOhrid / 20.01.2023 / СВР Охрид