Приведени три лица од Албанија, користеле фалсификувани британски пасоши
Денеска (09.08.2023) во 14.30 часот на Граничен премин аеродром ,,Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите од Република Албанија.
При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи.
Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка.