26/11/2024
Струга

Притворени три лица поради бесправна сеча на букови дрва

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ќ.А.(29) од струшкото село Боровец и против албанските државјани А.С.(29) и С.Р.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 14.06.2019 година од екипа на шумска полиција пријавените биле затекнати во атарот на струшкото село Лакавица во бесправна сеча на букови дрва, сопственост на Јавните претпријатија „Национални шуми“ и „Јабланица“. На А.С. и С.Р. одредена им е мерка притвор од осум дена.