Приведени три лица за издржување затворска казна до шест години
Полициски службеници од ОВР Гостивар во с.Аџиевци на 02.10.2020 во 16.25 часот ја привеле З.Р. (36) од с.Аџиевци која се барала со потерница за доиздржување на казна затвор во траење од една година во КПУ Затвор Идризово Скопје, осудена по член 256 во врска чл. 141 од К.З. На 03.10.2020 во 06,00 часот врз основа на судска наредба од Основен суд-Тетово од полициски службеници од Полициско одделени Теарце бил лишен од слобода, Е.Б.(28) од с.Слатино за идржување на казна затвор во траење од шест години во КПУ-Затвор Идризово во врска со чл.237 ст.1 од КЗ.
На 03.10.2020 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје по судска наредба го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје за издржување на казна во КПУ Затвор Охрид.