Приведени трпејчани кои биле фатени со рибарски мрежи во чамец кај Пештани
На 04.12.2024 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од слобода ги лишија Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), сите од охридското село Трпејца.
При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба Охридска белвица и Грунец со вкупна тежина од над 10 килограми, како и друг риболовен алат.
Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад и по консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 05.12.2024 / СВР Охрид