24/11/2024
Македонија

Приведено едно лице по распишана централна потерница

Ноќеска (14.08.2021) околу 01.15 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода С.С.(22) од Скопје.За него била издадена централна потерница и наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од две години.

С.С. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.