Приведено лице барано од турската полиција за убиство
На 05.05.2021 во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р.Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело „убиство“. Тој бил задржан во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.