Приведено лице од липковско за издржување казна затвор од три години
Денеска во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Kуманово, врз основа на судска наредба, го привеле М.С.(68) од с.Руница, општина Липково, за издржување казна затвор од три години за извршено кривично дело „убиство” во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1, во врска со член 19 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на затворската казна.