25/11/2024
Македонија

Продлабочена соработката меѓу националните единици за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Србија и  Македонија

На 18 и 19 април 2019 година, во Скопје се одржаа преговори помеѓу преговарачките тимови на Националните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Северна Македонија и Република Србија со цел усогласување на текстот на Договорот за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти помеѓу двете држави.

На почетокот воведно обраќање имаа м-р Магдалена Несторовска, државен секретар при Министерството за внатрешни работи и национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Митар Ѓурашковиќ, национален координатор на Комисијата за борба против трговија со луѓе на РС.

Преговорите беа водени од страна на шефовите на делегации на двете држави, Гордана Смаќоска, јавен обвинител за организиран криминал на Република Северна Македонија и Гордана Јанаќиевиќ заменик републички јавен обвинител на Република Србија

Експертскиот состанок беше одржан во пријателска и конструктивна атмосфера и двете страни се согласија дека склучувањето на ваков тип на договор ќе придонесе за зајакнување на соработката помеѓу двете држави, а особено помеѓу Националните единици за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Преговорите успешно завршија и резултираа со постигнување на усогласен текст на договорот кој ќе биде потпишан од страна на Владите на двете држави.