Продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 29ти октомври
Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 Октомври 2018 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2018) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 29.10.2018 година.