10/04/2025
Охрид

Продолжува соработката помеѓу РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид и Економско трговачко школо од Бор

Соработката помеѓу РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и Економско трговачко школо – Бор, Р. Србија која започна преку проектот „Bridge connecting two lakes“,  во ноември во Бор, продолжи во месец март во Охрид, со срдечно добредојде на гостите од Бор и денови исполнети во дружење.

Како први координатори на проектот се: Даница Скрческа и Валентина Поповиќ, а втори координатори на проектор се Сања Митаноска и Елена Спасиќ Митрановиќ.

За успешната реализација на проектот им благодариме на Директорот Тони Андрески, стручните професори Силви Мешкоска, Милена Илијевска, Катерина Џамбазовска, Васил Талевски, Елена Спировска; благодарност до Завод за заштита на споменици на култура и музеј –Охрид, Национален парк Галичица; Младински Центар-Охрид.

Проектот е финансиран од ЕУ и организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка Ryco Super Schools и Германска канцеларија за меѓународна соработка GIZ.

Како ни поминуваа деновите:

Во првиот ден на нашите нови авантури и градење на заеднички спомени, дождот нам не ни сметаше за одлично да се дружиме со гостите, преку запознавање на околината, запознавање на  Националниот Парк Галичица,  раскажување на приказни и легенди за Охрид, традицијата, религијата , културата, ги  посетивме и старите занаети во Охрид, каде што учениците преку вештите раце на мајсторите ги учеа занаетите и богатата историја.

Вториот  ден од нашата дружба во Охрид протече во знакот на традицијата, заедништвото, готвење и уживање во храната. Учениците во подршка на стручните наставници подготвија автентична македонски и охридски специјалитети, а после тоа заедно ја вкусија и узиваа во храната кои настанаа како плод на нивната заедничка работа.По гастрономското патување низ традициите, се посветивме на анализа и споредба на старите занаети и гастрономско наследство на нашите краеви преку интерактивни работилници  и изработки на постери. Останатиот дел од денот го искористивме за осмислување на анкета преку која додатно ја истраживме традицијата, културата и обичаите во Охрид . Дружбата во Охрид продолжи да биде инспиративна и исполнета со активности кои не поврзуваат, учат и охрабруваат на истражување на културни вредности.

Третиот ден од нашето дружење имавме прилика да уживаме во природата, културата и убавината на Охрид, како и верските објекти. Утрото започна со посета на Манастирот “Св.Наум“, едно од најзначајните духовни места на нашиот регион, на кој места учениците од Охрид имаа можност да бидат во улога на туристички водичи. Се посети и наталното археолошко наоѓалиште ,,Заливот на коските“. Возбудливиот ден продожи со возење со катамерани по Охридското езеро, што беше вистинско доживување за сите нас. Во попладневните часови, времето го искористивме за спроведување на анкета која учениците заедно ја креираа во групи, поврзана со локалните жители и нивниот начин на живот, традиција и обичаи. Се расказуваа исто така митовите и „Легендите за Билјана“ и настанување на „Билјанини извори“. Денот беше исполнет со учење, истражување, забава и дружење.

Четвртиот ден беше посветен на истражување на локалната историја и култура. Учениците имаа можност да ги посетат значајните верски и културни објекти, да се запознааат со богатото наследство на градот Охрид и да се стекнат со подлабок увид со неговото минато. Учениците ги посетија  :,,Галерија на икони“- Охрид; ,, Самоилови тврдини“; Локалитетот Плаошник; „Спомен куќа на Григор Прличев“; Црква ,,Св. Софија“; Црквата ,,Св.Јован Канео“; ,,Спомен куќа на Христо Узунов“; ,,Антички театар“; Али Пашина Џамија. Во попладневните часови учениците се посветија на изработка на табло , постери и брошури од заедничките спомени, дружење и активности во двата градови. Како и за сумирање на впечатоците од се што видоа и научија претходните денови.

Петиот ден на размената во Охрид протече во  духот на работа, емоции и заедништво. Сите беа свесни дека се ближи крајот на дружење од оваа размена. Денот беше исполнет со продуктивни активности и незаборавни моменти. Учениците ги приберија анализите од спроведената анкета со случајни минувачи, ги довршија постерите, брошурите од заедничките спомени од двете размени. Посебен дел од денот имаа со работилници спроведени од претставници од Младинскиот центар од Охрид. Како шлаг на тортата, беше организирано заедничко дружење преку правење на безалкохолни коктели, каде што настана и посебниот коктел „Бор-Охрид“, како симбол на нашето пријателство и заеднички спомени.

За крај како траен знак на нашето пријателство и соработка, засадивме дрво од праска. Ова дрво ќе расте и ќе се развива, исто како и врските кои во текот на размената се создадоа, кој ќе не потсетува сите нас на убавите моменти поминати заедно. Овој ден беше исполнет со емоции, благодарност и гордост на се што заедно сме постигнале. И покрај тоа што размената се заврши остануваат спомените, дружењето и инспирација за нови заеднички проекти и дружење.